Девизните резерви на ново рекордно ниво, просечно дневно растеле за 943.300 евра

Апсолутниот рекорд на месечно ниво го држи август кога девизните резерви изнесувале 2,114 милијарди евра. Македонија има 2,1 милијарди евра девизни резерви на крајот на септември, објави Народната банка на Македонија.

Ова е највисоко ниво на девизни резерви што кога и да било го имала нашата земја од независноста во 1991 година до сега. Според официјалните податоци девизните резерви на крајот на септември годинава се поголеми за 255,8 милиони евра во споредба со септември лани. Со последната официјална објава за нивото на девизни резерви произлегува дека Македонија има девизни резерви во износ од 1.000 евра по глава на жител.

Во споредба со претходниот квартал (периодот април, мај и јуни) девизните резерви во последниот квартал пораснале за 84,9 милиони евра, што значи дека просечно дневно нашите девизни резерви растеле за 943.330 евра.

Девизните резерви пораснале по сите основи

Во структурата на македонските девизни резерви  доминираат три ставки: монетарно злато, валути и депозити (кои се чуваат во странство) и хартии од вредност (од кои најголем дел се германски државни обврзници). Вообичаено најголем дел од нашите државни девизни резерви Народната банка чува во хартии од вредност кои се првокласни обврзници. Најголем дел од нив, според наши неофицијални сознанија, се германски државни хартии од вредност кои во светот на финансиите се препознаени како најквалитетни и најдоверливи финансиски инструменти. Според официјалната евиденција дури 1,554 милијарди евра од македонските девизни резерви се чуваат во хартии од вредност кои Народната банка ги купува на светските финансиски пазари. Во споредба со претходниот квартал тие се повисоки за 14,9 милиони евра. Најголем раст има во ставката валути и депозити, кои ги чува нашата држава надвор од земјава, и тој раст изнесува 41,6 милиони евра, а вредноста на оваа ставка на крајот од септември е 248,1 милиони евра. Во монетарно злато Македонија чувала 300,7 милиони евра, а во споредба со претходниот квартал оваа ставка бележи раст на вредноста од 28,5 милиони евра.

Македонија во континуитет ги зголемува сопствените девизни резерви. Од 2010 година досега нашите девизни резерви се зголемени за речиси 390 милиони евра, а во споредба со 2005 година се зголемени за повеќе од 970 милиони евра.

МКД.МК

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе