Вечерва се отвора Сити мол, од утре шопинг

Новиот трговски центар во Скопје, Сити мол, од утре почнува со работа, а свеченото отворање, на кое е најавено присуството на премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски е закажано за вечерва. На свеченото отворање ќе присуствуваат и главните извршни директори на ФЕШН ГРУП и на БАЛФИН Зоран Антиќ и Самир Мане.

Инвестицијата  е вредна околу 70 милиони евра, објектот има 90 илјади квадрати (од кои 39 илјади се за издавање), а веќе се  отворени и 2.000 нови работни места. Од утре граѓаните ќе можат да купуваат производи на дури 150 реномирани светски брендови.

Зара, Масимо Дути, Страдивариус, Пул енд Беар, Бершка, како и францускиот ланец супермаркети Керфур, се дел од брендовите кои имаат свои дуќани во Сити Мол. Трговскиот центар нуди богати забавни содржини како што се мулти-плекс киното со 3Д технологија на Синеплекс, куглана, кафе барови, ресторани, брза храна, козметика, книжарница, детски катчиња, потреби за домаќинство, сервисни услуги и други содржини. За посетителите има и паркинг простор за 1.300 места.

Со свој продажен салон во Сити Мол, за првпат во Македонија, од денеска е присутна iSТYLE најголемата мрежа за продажба на производите на светскиот гигант  Епл за подрачјето на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.

Плановите на директорите се дека тука годишно ќе поминуваат околу 7,5 милиони посетители од целиот Балкан.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе