четврток, 18 април 2024
Одлично се покажа по отказот на Мурињо

Рома пресече, Де Роси останува на тренерското столче

„Волчицата“ утрово соопшти дека Даниеле Де Роси ќе седи на тренерското столче и во следните години, наскоро ќе бидат споделени повеќе детали за соработката.

Објавено на

часот

Сподели

По отказот на Жозе Мурињо во јануари месец, Даниеле Де Роси беше именуван за нов предводник на Рома како привремено решение до крајот на сезоната.

Легендата на „волчицата“ за кратко време ги промени работите, па 100 дена поцона, пристигна известување дека тој останува на кормилото.

„По вчерашниот состанок со Даниеле Де Роси, со задоволство можеме да соопштиме дека тој ќе биде тренер на Рома и следната сезона, како и во догледна иднина“ – гласеше известувањето.

„Даниеле води со почит и храброст, додека неговата сила и длабоко вкоренети верувања во клубот се навистина усогласени со вредностите на Рома, градот и навивачите“.

„Ќе продолжиме да работиме заедно за да обезбедиме иднина каква што заслужуваат навивачите на Рома. Не би можеле да бидеме посреќни што ќе изградиме долгорочен проект со Даниеле“.

Откако седна на жешкото столче на „Олимпико“, Де Роси донесе 11 победи од 16 натпревари, ја врати Рома во битката за место во Лигата на шампиони, а е на добар пат и да обезбеди полуфинале во Лига Европа, вечерва „волчицата“ дома ќе брани предност од еден гол на реваншот против Милан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ