петок, 29 март 2024

Левица го повика Јакимовски да го поништи решението за 17-катницата

Левица упати повик до градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи решението за градба на 17-катницата во рамки на болничкиот комплекс  кај Воената болница.

Објавено на

часот

Сподели

Левица наведува дека повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на таа локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.

„Од пред неколку дена е ПРАВОСИЛНО решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, решението за градба уште не е поништено.

Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидеј​​​ќи е информација од јавен карактер.

Уште еднаш го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи да ги испочитува законите и да го поништи решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“, се вели во објавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ