Се обидел да помине граница маскиран во автомобилско седиште


Еден Гвинеец, во обид да влезе во шпанската енклава Мелија од Мароко, смислил мошне бизарно, но креативно решение. Имено, очајниот емигрант се обидел да ја помине границата маскиран во автомобилско седиште.

Комплетното совозачко седиште на автомобилот рено 7, освен рамката, било извадено. Празната рамка му послужила како „место за криење“ на Гвинеецот, додека совозачот седел на него, пренесува Дејли меил.


Против двајцата Мароканци што се обиделе да го прошверцуваат преку граница се поднесени пријави, а Гвинеецот, по појавувањето пред судија, бил депортиран од Мелија.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе