Турските банки во Скопје, Зираат банка и Халк банка се спојуваат

Халк банка, преку единаесетта емисија на долгорочни хартии од вредност ја зголеми основната главнина на банката заради  статусна промена-присоединување на Зираат банка АД Скопје кон Халк банка АД Скопје, соопшти Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија која го издаде одобрението за емитување на акциите.

Халк банка АД Скопје ќе издаде 100.954 обични акции, со вкупна продажна вредност од 1.009.540.000 денари. Оваа емисија на Халк банка АД Скопје ќе се реализира како приватна  понуда, бидејќи е наменета за институционалниот инвеститор – Зираат банка од Турција, единствениот акционер на Зираат банка АД Скопје.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе