Зебрњак - уште еден историски јубилеј за балкански поделби

Makедонија не сака заедничка прослава на Илинден со Бугарија, ама сака прослава на Балканските војни заедно со Србија. Вака агенцијата Фокус реагира на најавата за заедничка прослава (28 октомври)на Македонија и на Србија на 100 годишнината од битката од Балканските војни кај Зебрњак, Куманово, на која се очекува да пристигне и српскиот претседател Томислав Николиќ. И Македонија ќе биде претставена на највисоко ниво.

Турски војници за време на Кумановската битка

„Откако минатите години одбиваше Илинденско-Преображенското востание да се прослави заедно со Бугарија, зачудува ваквата готовност за одбележување на Кумановската битка од Балканските војни кои, според македонската историја, се најголемата трагедија за македонскиот народ по што дојде до поделбата на Македонија во 1913 година“, пишува денеска агенцијата Фокус.

Српските медиуми пишуваат дека Кумановската битка всушност го означи крајот на турската окупација на Балканот.

Пред спомен-костурницата на Зебрњак ќе биде одбележана 100 годишнината од Кумановската битка.

Српски офицери кај Зебрњак

Кумановската битка е водена на 23 и 24 октомври 1912 година во текот на Првата балканска војна помеѓу српската и турската војска. Во српската војска имало повеќе четнички одреди составени од македонско население, како и месни селски чети. Во турската војска, исто така, имало македонско население, особено во редифските, т.е. во резервните формации.

„Споменикот висок 48 метри е направен во 1934 година по наредба на кралот Александар, а Бугарите го урнале во 1942 година“, изјави Драган Недељковић, заменик на министерот за култура на Македонија.

Советникот за култура на српскиот претседател Радослав Павловиќ изјави дека споменикот ќе биде осветлен и ќе бидат поставени видео камери, а Македонија решила да го прогласи за споменик на културата.

Денес споменикот е висок 20 метри.

Кумановската битка е опеана и во македонските народни песни.

А.Д.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе