Србиновски на местото на Вркиќ на клупата на Кожув

Помошник-селекторот во таборот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Марјан Србиноски, е нов тренер на македонскиот претставник во Еврохолд Балканската лига (БИБЛ) следната сезона, тимот на Кожув, објавија од клубот денеска.

Србиноски доаѓа на местото на српскиот стратег Горан Вркиќ, кој претпладнево ја прекина соработката со клубот од Гевгелија. Асистентот во стручниот штаб на националниот тим во тимот на Кожув доаѓа по сезоната на клупата на скопски Торус, кој престана да постои поради што Србиноски беше принуден да бара нова средина. Гевгеличани во новата сезона влегуваат со големи амбиции и со желба на најдобар можен начин да ја претстават македонската кошарка во регионалната БИБЛ-лига.

Новиот тренер на Кожув во претстојната сезона ќе располага со релативно силен тим, кој ќе атакува на место меѓу четирите екипи што на крајот ќе играат во плејофот. Летово во Гевгелија дојдоа респектабилни имиња како Кирил Павловски, Димитар Караџовски, Дарко Радуловиќ, Александар Штерјов и Игор Пенов, кои заедно со српските интгернационалци Владимир Филиповиќ и Стефано Живановиќ и староседелците како Деан Вегов, Слободанчо Хаџивасилев и Горан Главчев создаваат тим што заслужува респект.

Својата прва обврска како тренер на Кожув, Србиноски ќе ја има веќе утре кога гевгеличани ќе одиграат пријателска средба против Работнички во скопската сала „Градски парк“ со почеток во 18 часот.

 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе