Новинар тајно се вработил во кинеската фабрика каде се прави новиот ајфон - издржал едвај десет дена

Новинар на кинескиот дневен весник Шангај ивнинг пост се вработил во фабрика на корпорацијата Фокскон (Foxconn) во Таи Јуан и открил во какви ужасни услови живеат и работат вработените во погонот каде се произведува долгочекуваниот ајфон 5 на американската компанија Епл, пренесува Франс прес.


Фабриката која ја одбрал стана позната по масовниот штрајк на работниците во март годинава, а новинарот, како што напишал, поради лошите услови за работа, во неа успеал да мине само 10 дена.

По седум дена обука, тој почнал да го составува својот прв ајфон 5, во местото каде се планира производство на 57 милиони уреди годишно.

Работата ја нашол така што ја контактирал кадровската служба на фабриката, каде му било кажано дека секој кој е здрав и има лични документи може да се пријави за работа.


Додека ја пополнувал пријавата, работник од обезбедувањето му понудил помош побрзо да дојде до вработување доколку му даде 100 – 200 кинески јуани (еден јуан вреди околу шест американски долари).

Новинарот, чиј идентитет не е објавен, спалната која Фокскон ја користи за своите вработени ја нарекол „ноќна мора“.

„Смрди на ѓубре и човечка пот. Пред секоја соба има купишта ѓубре. Кога го отворив своето шкафче од него почнаа да излегуваат лебарки. Постелнината што ми ја дадоа беше валкана“, напишал новинарот на кинескиот весник.

Неговите прашања за големата стапка на самоубиства инструкторите не ги игнорирале, но не биле ни премногу подготвени да дискутираат за тоа.


„По обуката, бараа веднаш да почнеме со работа, иако веќе беше ноќ. Ни беше дозволено да одмараме само во текот на денот. По сите интензивни тренинзи и состаноци, имав треска и тешка главоболка. Пред да почнам со работа, побарав да ја посетам болницата, но таму работи само еден лекар, кој во исто време лечи четири до пет пациенти“, пишува новинарот. „За време на викендите се организираат дружења на работниците, на кои се танцува и се пее. Се вечера во 23:00, а по полноќ се продолжува со работа“.


„ На секои три секунди пред мене поминуваше по еден заден дел од ајфон 5. Морав да го земам и да означам четири точки на него, и да го вратам на лентата за помалку од три секунди и без грешки. По неколку часа работа почнаа да ме болат мускулите на вратот и рацете. Новиот работник кој седна наспроти мене беше исцрпен и прилегна за малку да одмори. Кога го забележа супервизорот, го казни со 10-минутно стоење во аголот, како некогаш во училиште. Работевме нон-стоп, од полноќ до шест часот наутро, но моравме да остануваме и подолго, бидејќи лентата се движи и никој не смее да сопре. Умирав од глад и истоштеност... Конечно престанавме да работиме во седум часот наутро“, ја завршува својата исповед кинескиот новинар.

Тој во својот напис додал и дека сите работници се бесни. „Секој пат кога некој од нас ќе земеше дел од ајфон 5, го фрлавме на лентата и го пцуевме, за да се ослободиме од стресот“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе