Конечно Бугари ќе го видат „Трето полувреме“

Триесет новинари од Бугарија се акредитирале за саботната премиера на играниот филм „Трето полувреме“ на Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки.

В сабота бугарски државјани првпат и конечно ќе го видат филмот на Дарко Митревски што уште за време на снимањето предизвика вистинска бура од реакции кај бугарската јавност, а бугарскиот премиер филмот го нарече „хитлерски филм“.

На неодамнешната проекција на филмот за дипломатскиот кор во Скопје бугарскиот амбасадор бил поканет, но не се појавил.

Дарко Митревски на денешната конференција за печатот рече дека филмот не е насочен против никого, туку зборува за љубовта, херојството и за обичниот човек од Македонија, за луѓето од Македонија што во едно бурно историско време ја одбрале вистинската страна.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе