ДУИ ќе го руши Уставот, ама уште не знае како

Демократската унија за интеграција ќе го урива Уставот доколку биде изгласан законот за бранителите.

Бујар Османи

Бујар Османи, портпарол на партијата, вели дека ДУИ сепак не верува оти законот ќе биде изгласан.

„Ние сме цврсто уверени дека тој закон нема да се донесе. И затоа не сме многу загрижени по тоа прашање. Сепак, ако хипотетички и се случи законот да биде донесен, тогаш се кршат принципите на Oхридскиот рамковен договор. А тоа значи дека се кршат и принципите на сегашниот Устав и дека ние со право ќе бараме да се донесе нов. Но нагласувам дека е тоа само хипотетички бидејќи сме убедени дека предлог-законот за бранители нема да помине“, изјави Османи.

Тој не знаеше да каже какви точни промени на Уставот ќе бараат доколку законот сепак биде изгласан.

„Никој не може да предвиди како ќе се одвиваат работите доколку Собранието го донесе тој закон“, вели Османи.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе