„Трето полувреме“ е македонскиот кандидат за Оскар!

Филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, во продукција на Кино око, е македонскиот кандидат за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, која ја доделува Американската академија за филмски науки и уметности.

Друштвото за филмски професионалци на Македонија, како асоцијација овластена од Американската академија за филмски науки и уметности да го врши изборот на национален кандидат за Оскар, соопшти дека во конкуренцијата, покрај „Трето полувреме“, биле и филмовите „Жената што ги избриша солзите“ на Теона Стругар Митевска во продукција на Систерс енд Брадр Митевски и „Скопје Ремикс“ на група режисери во продукција на Ново македонско видео.

Филмот „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски, исто така во продукција на Кино око, од технички причини ја повлече својата кандидатура.

Интервјуто на МКД.МК со Дарко Митревски, авторот, режисер и сценарист на „Трето полувреме“, може да го видите тука.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе