СДСМ како КФОР: ќе се вратиме кога ќе се смират ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

СДСМ најави дека неговата пратеничка група нема да присуствува на собраниската седница сѐ додека не добие одговор од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дали ќе имаат усогласен став и дали на 40-тата собраниска седница ќе ги поддржат преостанатите 19 закони предложени од Владата.

Координаторот на пратеничката група Игор Ивановски изјави дека сѐ додека не добијат прецизен и конкретен став по ова прашање, тие нема да влезат во собраниската сала.

„Три дена поради дневнополитичките калкулации на владините партнери, Собранието како највисок законодавен дом се претвори во циркус на штета на државните интереси“, рече Ивановски.

Тој најави дека пратеничката група на СДСМ и другите опозициски пратеници ќе бидат во Собранието на Република Македонија и оти оној момент кога ќе добијат позитивен одговор од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ веднаш ќе продолжат да работат.

 

 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе