Од вкупно регистрираните 11.862 дивоградби за кое е поднесено барање за легализација во општина Кисела Вода, досега општинската Комисија за легализација излегла на терен за 1.761 предмети, а правно се обработени вкупно 5.000 предмети.
Како што информираат од општина Кисела Вода, трите општински комисии што ја спроведуваат работата на терен, секојдневно работат на делот што опфаќа проверка и констатирање на фактичката состојба во која се наоѓаат дивоградбите. Една комисија дневно поминува од 20 до 40 објекти во зависност од нивната местоположба.
Општина Кисела Вода ги повикува сите правни и физички лица на кои им е изготвена Урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи со постапката за изготвување на решенијата за легализација на објектите.