Путин: Не ме следеа слабите жерави (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Владивосток, како одговор на навредливите коментари за неговиот обид да ги учи младите сибирски бели жерави да летаат, изјави дека не биле сите доволно силни за да го следат.


На пат кон самитот на Азиско-пацифичкиот форум за економската соработка (АПЕК) во Владивосток, Путин во четвртокот застана во орнитолошката истражувачка станица во Кушавет за да учествува во проект на подучување загрозени птици во заробеништво да летаат по авион, заради миграцијата во Централна Азија.

Меѓутоа, на летот со моторен делтаплан претседателот не го следеа сите птици.

На првиот лет Путин го следеше еден жерав, што беше објаснето со силните ветрови, кои предизвикале делтапланот да лета побрзо од вообичаеното.

На вториот лет Путин го следеа пет птици, но по неколку круга само две останаа по него на летот од 15 минути.

„Точно е дека не полетаа сите веднаш, но оние жерави што не летаа беа слаби“, рече Путин, јасно алудирајќи на Русите што минатата зима учествуваа во демонстрациите против неговото 12-годишно владеење.

Летот на Путин со птиците наиде на навредливи коментари на Интернет, од кои најпопуларен е: „Ако Путин отиде на југ со жеравите, дали тоа значи дека нема да се врати пред пролетта.“

Еден од новинарите вчера побара од Путин да го прокоментира фактот дека 63 отсто жерави го поддржуваат рускиот претседател, додека другите порадо летаат на југ или прават гнезда на градските плоштади и улици.

Путин одговори дека, се разбира, постојат птици во јатото што едноставно не летаат или порадо прават гнезда одвоено од другите птици. „Но што можеме да направиме. Тоа е друг проблем. Дури и ако не се припадници на јатото, тие се припадници на нашето население и ние мораме да ги третираме со големо внимание, кога тоа е можно“, рече Путин.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе