Марјан Бојаџиев избран за најдобар професор во Европа

Марјан Бојаџиев, ректорот на универзитетот Американ колеџ во Скопје, ја доби наградата за најдобар професор од Меѓународниот совет (ACBSP Регион 8 - Европа) на AЦБСП годишната конференција, која се одржа од 15 до 18 Јуни во Балтимор, Мериленд, САД.

Бојаџиев ја доби наградата од Советот за акредитација за бизнис-школи и програми (ACBSP), која им се доделува на наставници што се пример

Марјан Бојаџиев

за совршеност во предавалните.

Поважно од кога било е за бизнис програмите да продуцираат дипломирани студенти кои се подготвени да влезат на глобалниот пазар", изјави Даглас Виеланд, извршен директор на ACBSP. „ACBSP има мисија да ги развие, промовира и да ги признае најдобрите практики кои придонесуваат за континуирано подобрување на бизнис образованието. Оддавањето признание на вакви лидери е еден начин како да ја оствариме оваа цел“, изјави тој.

Бојаџиев е еден од најдобрите и високо ценети ментори на нашите дипломирани студенти и помлади членови на факултетот кои се почестени што работат со него во текот на нивната кариера. Тој ги поставува стандардите на прецизен изведувач и е пример за другите да го следат", вели д-р. Никица Мојсоска Блажевски, декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки на УАКС.

Американ колеџ е акредитиран од страна на AЦБСП од 2011 година. АЦБСП, основана во 1988 година, е организација за акредитирање на бизнис програми од САД, а од 1992 година била признаена за специјализирана организација за акредитирање за бизнис-едукација од Министерството за образование на САД.

АЦБСП (Accrediting Council for Business Schools and Programs) се состои од 10 региони: 7 се во САД, 8 e Европа и дел од Азија, 9 Далечниот Исток и 10 Јужна Америка. Секоја година, АЦБСП доделува награда за најдобар професор (Teaching Excellence Award) на по еден професор од сите региони.

Регионот 8 го сочинуваат речиси 100 универзитети и бизнис-школи од 29 земји во Европа.

Јас ја добив наградата во категорија додипломски и постдипломски студии. Сметам дека е тоа признание за мојата работа како наставник. Истовремено е признание за универзитетот Американ Колеџ Скопје, кој е целосно акредитиран од АЦБСП“, изјави Бојаџиев.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе