Бојаџиев ја доби наградата од Советот за акредитација за бизнис-школи и програми (ACBSP), која им се доделува на наставници што се пример
за совршеност во предавалните.
„Поважно од кога било е за бизнис програмите да продуцираат дипломирани студенти кои се подготвени да влезат на глобалниот пазар", изјави Даглас Виеланд, извршен директор на ACBSP. „ACBSP има мисија да ги развие, промовира и да ги признае најдобрите практики кои придонесуваат за континуирано подобрување на бизнис образованието. Оддавањето признание на вакви лидери е еден начин како да ја оствариме оваа цел“, изјави тој.
„Бојаџиев е еден од најдобрите и високо ценети ментори на нашите дипломирани студенти и помлади членови на факултетот кои се почестени што работат со него во текот на нивната кариера. Тој ги поставува стандардите на прецизен изведувач и е пример за другите да го следат", вели д-р. Никица Мојсоска Блажевски, декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки на УАКС.
Американ колеџ е акредитиран од страна на AЦБСП од 2011 година. АЦБСП, основана во 1988 година, е организација за акредитирање на бизнис програми од САД, а од 1992 година била признаена за специјализирана организација за акредитирање за бизнис-едукација од Министерството за образование на САД.
АЦБСП (Accrediting Council for Business Schools and Programs) се состои од 10 региони: 7 се во САД, 8 e Европа и дел од Азија, 9 Далечниот Исток и 10 Јужна Америка. Секоја година, АЦБСП доделува награда за најдобар професор (Teaching Excellence Award) на по еден професор од сите региони.
Регионот 8 го сочинуваат речиси 100 универзитети и бизнис-школи од 29 земји во Европа.
„Јас ја добив наградата во категорија додипломски и постдипломски студии. Сметам дека е тоа признание за мојата работа како наставник. Истовремено е признание за универзитетот Американ Колеџ Скопје, кој е целосно акредитиран од АЦБСП“, изјави Бојаџиев.