Стар експлозив за нови тензии: Изет Меџити билда рејтинг со беззаконие!

Изет Меџити, градоначалникот на Чаир чекаше три месеци да помине летниот распуст и на прагот на новата учебна година повторно го активира стариот експлолозив - четири чаирски училишта се со нови имиња.

Од денеска „Цветан Димов“ е „Хасан Приштина“Од денеска „Цветан Димов“ е „Хасан Приштина“

Зошто го разгорува жариштето на меѓунационалните односи овој градоначалник, кадар на ДУИ со незаконски постапки кога уште од јануари кога првпат се јави овој проблем беше јасно дека – преименувањето на училиштата спротивно на одлуките на Министерството за образование нема да биде дозволено, ниту толерирано? Пред неколку месеци беше спречено прекрстувањето на училиштата во Чаир по желба на советниците од ДУИ, а проблемот во интерес на меѓунационалните односи и коалицискиот мир беше ставен во фиока.

Мирот – и меѓунационалниот и коалицискиот очигледно чаирскиот градоначалник решил да ги стави во залог (со амин на сопартијците нормално) на многу повисоки и покорисни цели – билдање рејтинг и додворување на гласачкото тело, во случај на предвремени избори (а и локални ) кои се уште не се исклучени од политичката агенда.

Четирите училишта во скопската општина Чаир од  утринава се со нови табли, со албански имиња. „Рајко Жинзифов“, „Цветан Димов“, „Јане Сандански“ и „Никола Вапцаров“ по ново ќе се викаат  „Исмаил Ќемали“, „Хасан Приштина“ „Јашар-бег“ и „Имри Елези“.

Изет МеџитиИзет Меџити

До кога ќе траат новите имиња е неизвесно (но ќе бидат со многу краток век) со оглед на тоа што во секое време полицијата може да интервенира и да ги отстрани незаконски поставените табли, како што препорача неколку пати претходно и Ванчо Шехтански, директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Проблемот околу имињата на чаирските основни училишта експлодира во јавноста во јануари годинава кога советниците на ДУИ во Чаир го изгласаа предлогот имињата на училиштата Цветан Димов, Рајко Жинзифов, Јане Сандански и Никола Вапцаров да се сменат во Исмаил Ќемали, Хасан Приштина, Јашар Бег и Имри Елези.

Првите двајца се истакнати дејци за албанската кауза. Ќемали е по потекло од Валона, Албанија, а Хасан Приштина е Косовец, кој во заложбите за обединување на албанските територии во една држава соработувал со Анте Павелиќ и со Ванчо Михајлов. Имри Елези е припадник на поранешна ОНА, кој во 2001 година беше убиен во престрелка со македонските безбедносни сили. По неговата смрт, во рамките на ОНА беше формирана посебна единица, која го носеше неговото име, а во која според информациите на полицијата членуваа муџахедини од странски држави што војуваа на страната на ОНА.

На одлуката за преименување на училиштата на општината Чаир и зимоска  жестоко реагираше Државниот инспекторат за локална самоуправа преку директорот Шехтански, кој донесе решение за нејзино поништување како незаконска. Општината веднаш го обжали решението на инспекторатот во Министерството за локална самоуправа, а министерот Невзат Бејта експресно ја прифати жалбата уште пред да стапи во сила решението за поништување на одлуката.

По ова, советниците од ДУИ заедно со градоначалникот Меџити чекаа погоден момент за остварување на целта и решија пак да го истераат своето на два три дена пред да заѕвони училишното ѕвонче.

Во оваа  опасна игра Меџити очигледно не е сам, без разлика што уште кога седна во градоначалничката фотелја сакаше да остави впечаток дека сите одлуки што ги наумил може да ги спроведе и тогаш кога наводно партијата не е баш многу воодушевена од него.

Меџити, си го исполни ветеното и во случајот со поставувањето на контроверзниот  споменик на Ѓерѓ Кастриот- Скендер-бег во Скопје. И во своето обраќање кон лидерот Али Ахмети на чинот на откривање на споменикот Меџити не сокри чиј аманет исполнувал:

„Команданте, аманетот со кој ме обврзавте да го донесам тука Скендер-бег го остварив и го поставив на ова место“

С.М.

 

Училиштето „Рајко Жинзифов“ сега се вика „Исмаил Ќемали“

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе