Македонците од Голо Брдо бараат отворен граничен премин и пат

Граничниот премин Џепиште – Требиште да се отвори и да се направи делот од патот на албанска страна побарале жителите на општината Требиште, Голо Брдо, Албанија, од министерот за надворешни работи Никола Попоски при денешната посета.

„Од страна на македонската и на албанската влада е договорено што е можно поскоро тоа да биде реализирано и очекувам во скоро време да видиме луѓе што ќе преминуваат непречено на овој потег со лична карта онака како што се договоривме претходно“, изјави министерот Попоски по средбата со Македонците од Требиште, јави известувачот на МИА.

Тоа, нагласи, е многу значајно од економски аспект, но и заради комуникацијата на граѓаните од овој дел, кои поради патните врски се отцепени.

„Мислам дека доизградбата на патот ќе им го олесни животот на нашинците од Голо Брдо и ќе им овозможи да имаат што е можно поинтензивна комуникација бидејќи голем дел од нив набавуваат намирници од Македонија и одат за време на пазарниот период во Струга и во Дебар. Затоа треба да се залагаме да им овозможиме што поскоро да биде завршен патниот правец. На ова прашање ќе работиме и на идните средби, но мислам дека постои спремност од двете влади за реализација на овој патен правец“, рече Попоски.

На средбата разговарале и за важноста од изучувањето на македонскиот јазик за жителите од Требиште.

„Во тој правец видовме многу активности што се одвиваат, а дечиња од овој крај престојувале во Охрид на летниот камп за изучување на македонски јазик. И во иднина ќе продолжиме со таквата поддршка“, рече Попоски.

На средбите во Требиште станало збор и за можноста во иднина општината да биде вклучена во проектите за прекугранична соработка финансирани од Европска Унија.

Во областа Голо Брдо, Албанија, има 17 села во кои живеат Македонци. Во општината Требиште порано живееле 4.000 Македонци, а сега нивниот број изнесува 1.500.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе