Бугарски Фокус повика политичари да реагираат на најавената македонска изложба во Брисел

Бугарските медиуми и квазинаучници не мируваат. По најавата за организирање изложба „Илјада години писмена традиција во Македонија“ во Кралскиот музеј во Брисел, од Бугарија стигнува и повикот до бугарското МНР, бугарската амбасада во Скопје, до бугарските пратеници од сите пратенички групи, бугарските историчари, научници и јавни личности да реагираат.

Тие би требало да кажат дека македонски средновековни ракописи нема, дека сето тоа е или бугарско, или грчко, или српско.

На изложбата закажана за октомври (9-21) „Илјада години писмена традиција во Македонија“ ќе бидат претставени 39 стари ракописи и ракописни книги од книжното културно наследство со статус на книжно културно богатство. Изложбата ќе ја презентира илјадагодишната словенска писмена културно-историска традиција на територијата на Македонија преку старословенските христијански споменици со глаголско и кирилско писмо од 10 до 19 век.

Изложбата ја подготвува НУБ во соработка со Валони Брисел интернационал и Kралскиот музеј на Мариемонт и Амбасадата во Белгија. Во подготовка е еден обемен каталог на француски и англиски јазик, преку кој сите посетители во Брисел ќе можат да се запознаат со богатите ракописи. Изложбата содржи 39 селектирани ракописи од НУБ, Државниот архив на Македонија, Заводот за заштита и Музеј-Охрид, Историскиот архив Охрид и Музејот во Битола. Изборот на ракописите го направи Михајло Георгиевски, специјалист за средновековна христијанска книжевност.

Идејата, според министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска, е по претставувањето во Брисел таа да гостува во голем број музеи и држави.

На ова, бугарската агенција Фокус денес пишува: „Македонија и самата потврдува дека изложбата на „македонското средновековно ракописно богатство“ ќе се состои од средновековни бугарски книги и ракописи.

На темава се јави и неизбежниот бугарски историчар и директор на Националниот историски музеј во Софија Божидар Димитров, кој вели дека „не постои македонско ракописно богатство бидејќи македонската нација е создадена во 1934 година, со одлука на Коминтерната, а македонскиот јазик во 1944 година. Според тоа, не е можно да постојат средновековни македонски ракописи“.

За македонското Министерство за култура оваа изложба претставува едно исклучително значајно меѓународно претставување на Република Македонија.

„Оваа изложба, прва од ваков вид што се организира надвор од Република Македонија, дава јасна слика за долгата традиција на пишуваното слово во нашата држава. Изложбата истовремено ја презентира и илјадагодишната писмена традиција на територијата на Македонија преку старословенските христијански споменици со глаголско и кирилско писмо од 10 до 19 век“, изјави министерката Елизабета Канчевска-Милевска.

Според директорот на НУБ „Свети Климент Охридски“, Миле Бошески, во историјата се правени обиди, но досега никој не успеал да однесе вакво ракописно наследство некаде пред светот и да го презентира. Тој, исто така, истакна дека еден ваков стар ракопис на црниот пазар достигнува цена од најмалку 150.000 евра.

НУБ „Св. Климент Охридски“ е во преговори и со агенцијата од Дубаи за заштита на 5.000 ориентални ракописи и ретки книги од 11 век па наваму. Оваа збирка на НУБ, која е една од најбогатите на Балканот, предизвика голем интерес и кај научниот свет од Турција.

А.Д.

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе