Поскапе и бензинот: 2,5 денари за литар, а дизелот 1,5 денари за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а дизел горивата за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,45, односно за 2,43 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 63 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,042 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 47,237 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,07 отсто повисоката просечната цена на сурова нафта во изминатите 14 дена и за 1,16 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

 

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе