Дневник и Вест објавија некролог за нацистот Рудолф Хес, за СМК ова е нацистички скандал

Со потпис „Македонски почитувачи“ денеска дневните весници „Дневник“  и „Вест“ објавија некролог на нацистот Рудолф Хес , 25 години по неговата смрт во 1987 година.

Хес беше осуден во Нирнбершкиот процес  на доживотен затвор во затворот Шпандау во Берлин, каде наводно на 17 август 1987 година се обесил на 93-годишна возраст. Поради долгогодишната затворска казна (46 години) тој станал предмет на восхит меѓу неонацистите и антисемитистите.

Светскиот македонски конгрес упати остра осуда на редакциите на Дневник и Вест, кои само од ним познати причини објавиле некролог на идеолог на нацизмот. „Македонија не е наци-фашистичко дувло и надлежните треба да ја понесат одговорноста за овој скандал“, соопшти СМК.

И Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот го осудуваат  објавувањето некролози за Хес.

Во реакцијата, во која велат дека се згрозени од објавата на некрологот под кој се потпишани „негови македонски почитувачи“, Фондот и Меморијалниот центар потсетуваат дека  Рудолф Хес бил именуван за заменик на Адолф Хитлер во 1933 година и имал голема улога во создавањето на антисемитските Нирнбершки закони две години подоцна.

„Би сакале да ги прашаме неговите почитувачи: Дали знаат што е нацизам? Дали ја знаат идеологијата што нацизмот ја застапува? Дали го знаат бројот на жртвите на нацизмот? Дали знаат што значи конечно решение и холокауст?  Дали можат да одговорат на прашањето која е вината на милионите деца, меѓу нив и новороденчиња, на кои во гасните комори им беше окончан штотуку започнатиот живот? Се надеваме дека почитувачите на Рудолф Хес ќе се одважат и ќе одговорат на поставените прашања. Воедно би го поставиле и прашањето - дали не е време да се донесе закон за забрана ширење антисемитизам и негирање на холокаустот?“, пишува во реакцијата.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе