Гоцевски потпиша за Фени индустри

Златко Гоцевски, повремениот кошаркарски репрезентативец на Македонија, е нов член на актуелниот македонски шампион Фени индустри.

Високиот центар, кој првиот дел од сезоната го одигра во дресот на бугарски Јамбол, веќе извесно време тренира со тимот од Кавадарци и треба да биде засилување на центарската линија во составот предводен од тренерот Емил Рајковиќ. Гоцевски во „ростерот“ на кавадарчани треба да го пополни местото на повредениот Слободан Михајловски, кому неодамна му беше оперирано коленото и за кого сезоната веќе е завршена.

По кусата бугарска епизода се враќа во Кавадарци: Златко Гоцевски

„Гоцевски ќе биде одлично засилување на тимот во втората полусезона. Тој е искусен и квалитетен играч, кој ќе знае адекватно да се носи со противничките високи кошаркари“, вели Рајковиќ, стратегот на шампионот Фени И.

Ангажманот на Гоцевски е своевиден одговор на управата на Фени И. на доведувањето на Тодор Гечевски од страна на МЗТ, тим што им е еден од најголемите ривали на кавадарчани на патот кон еден од трофеите сезонава. Повремениот репрезентативец кариерата ја почна во сега непостојниот Кочани Деликатес, а во својата кариера има играно уште и за МЗТ Скопје, Работнички, Струмица и косовски Пеќ. Сезонава во бугарскиот шампионат одигра 15 средби со просек од 7,1 поен и 4,3 скока.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе