Приходот од ДДВ ќе порасне барем за 100 отсто откако ја укинаа евтината струја

Пресметката покажува дека од почетокот на август по укинувањето на евтина тарифа за струјата од 13 до 16 часот приходот од ДДВ во државната каса ќе надмине 600.000 евра месечно, односно 20.000 евра дневно.

Државата ќе го удвои приходот од данок на додадена вредност (ДДВ) откако од почетокот на август Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја укина евтината тарифа за домаќинствата од 13 до 16 часот. Анализата на МКД.МК покажува дека буџетските планери во Министерството за финансии ќе можат да очекуваат и над 600.000 евра месечно од ДДВ на електрична енергија за домаќинствата во периодот од 13 до 16 часот шест дена во седмицата. Тоа е сума која е двојно повисока од таа што досега домаќинствата потрошувачи ја плаќале за ДДВ на потрошената струја во тие часови. Како што веќе пишувавме со укинувањето на евтината тарифа во периодот од 13 до 16 часот РКЕ ја поскапе струјата за 130 отсто во тој временски интервал.

Пресметката и споредбата на податоците покажува дека и со намалена потрошувачка на електрична енергија во тие три часа државата во најмала рака ќе го удвои својот приход од ДДВ, кој го наплаќа на домаќинствата потрошувачи на електрична енергија.

Во анализата за споредувани величини е земена потрошувачката на 27 јули и на 1 август затоа што и двата дена се работни. Разликата е во тоа што на 27 јули важела старата – евтина тарифа во интервалот од 13 до 16 часот, а од 1 август таа повеќе не важи и цената на струјата во период е за 130 отсто повисока од таа што била еден ден претходно. Официјалните податоци покажуваат дека во периодот од 13 до 16 часот на 27 јули биле потрошени 2.351.000 киловатчасови електрична енергија. Најмалку половина од таа количество е потрошувачка на тарифните потрошувачи – домаќинства, а останатото количество е потрошувачка на средната или мала индустрија и комерцијалните потрошувачи. Тоа значи дека од тоа количество електрична енергија 1.135.500 киловатчаса се потрошувачка на домаќинствата. Согласно со старата тарифа крајната цена на таа количество електрична енергија е 3,35 милиони денари. Во структурата на таа цена на електрична енергија отпаѓа 1,64 милиони денари, потоа над 1,1 милион денари отпаѓаат на ставката за ангажирана моќност и уште 603.000 денари се за ДДВ.

На 1 август потрошувачката на дистрибутивните потрошувачи бил 2.271.000 киловатчасови електрична енергија во периодот од 13 до 16 часот. Од тоа половина е потрошувачка на домаќинствата односно 1.135.500 киловатчасови електрична енергија. Вкупната цена на таа струја била 7,45 милиони денари. Во споредба со сумата од 27 јули на 1 август за помала количество потрошена електрична енергија се платени повеќе од двојно повеќе пари. Во структурата на цената за енергија ќе бидат наплатени 3,65 милиони денари, за ангажирана моќност ќе бидат наплатени 2,46 милиони денари и за ДДВ ќе бидат пресметани и наплатени 1,34 милиони денари.

 

 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе