Чорба од пченка и кашкавал

Приготвување:

Во големо тенџере стопете го путерот на средно висока температура. Динстајте го сечканиот кромид неколку минути. Додајте ги коцките сланина и гответе уште една минута, а потоа додајте ги сечканите бабури и гответе уште неколку минути. На крај, додајте ја пченката и гответе уште една минута.

Посипете го брашното еднакво на површината на чорбата и промешајте. Додајте ја пилешката супа и добро промешајте. Оставете ја чорбата да згусне 3 до 4 минути, а потоа намалете ја температурата. Додајте ја хоплата, а потоа покријте го тенџерето и оставете да динста околу 15 минути.

Додајте ги ренданиот кашкавал и сечканиот млад кромид. Кога кашкавалот ќе се стопи, а чорбата ќе стане врела, проверете го вкусот. Зачинете со сол и црн пипер по желба.

Пресечете ги врвовите на тркалезните векни леб и извадете им ја средината. Со црпалка ставете од чорбата во векните и послужете веднаш.

Состојки:

4 лажици путер

1 кромид, сечкан

3 парчиња сланина, сечени на коцки

3 бабури, ситно сечкани (црвена, жолта, портокалова)

450 г пченка

2 лажици брашно

700 мл пилешка супа (може и од коцка)

400 мл неутрална хопла

150 г кашкавал

1 стебленце млад кромид

тркалезни векни леб

сол и црн пипер

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе