Клинички патеки: нова реформа за помалку лекарски грешки

„Клинички патеки“ е новата реформа што ја воведува Министерството за здравство со која треба да се намалат клиничките компликации, лекарските грешки, вели министерот за здравство Никола Тодоров.

Проектот, како што очекува министерот Тодоров, треба да има и  позитивно влијание на намалување на болничкиот престој на пациентите, за полесно и подобро следење на финансиските трошоци за секоја процедура.

„Ова ќе биде дел од здравствената евиденција што задолжително треба да ја води секоја здравствена установа.Ова се процедури што треба да се направат за секоја конкретна дијагноза.Тоа ќе има силно влијание на квалитетот на здравствената нега“, вели Тодоров.
На овој начин здравствените власти, пациентите и здравствените работници, во секое време ќе знаат која здравствена процедура треба да се преземе.
Клиничките патеки треба да бидат готови до средината на ноември, по што официјално ќе бидат објавени во Службен весник. Досега се направени над 40 „Клинички патеки“, од кои најмногу за Инфективната клиника. До средината на ноември сите здравствени установи имаат обврска да изработат клинички патеки за 20-те најфреквентни дијагнози кои ги поставуваат во соодветната клиника.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе