Влада: Ќе се отвори институт за геостратешки истражувања и надворешна политика

Владата одлучи да стартува со основањето и работата на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика на Министерството за надворешни работи, најави Александар Ѓорѓиев, портпаролот на Владата на Република Македонија.

Александар Ѓорѓиев

Основната цел на Институтот ќе биде развој на истражувачките капацитети и можности од поширок општествен интерес, и генерирање на стратегиски насоки од државен интерес и нивно промовирање пред домашната и странската јавност“, рече Ѓорѓиев.

Според него, со работата на институтот ќе се овозможи размена на ставови, гледишта, позиции во рамки на експертско-насочени дебатни форуми, кои би биле од корист во процесот на креирање политики и носење решенија во сферата на надворешните работи. Институтот ќе изработува и објавува документи кои третираат теми и прашања од регионално, европско и глобално значење, а во кои преовладуваат позиции, согласно стратегиските приоритети на Македонија.

Освен то оваа нова институција ќе врши истражувања од областа на меѓународното право и нивната примена на актуелните прашања, истражувања на главните политички и економски предизвици во областа на енергијата, екологијата и развојната политика, за подобрите услови за одржлив развој...“, рече Ѓорѓиев.

Со ова, рече владиниот портпарол, Македонија добива едно значајно научно-општествено политичко тело кое ќе биде од интерес за креирање и развој на политиките, ќе биде значајна поддршка на државните и национални интереси и политики, ќе обединува различни мислења и ќе препорачува најдобри практики за искористување во рамките на дејствувањето во надворешната политика.

Во првата фаза предвидено е Институтот да биде оформен како Директорат во рамките на Министерството за надворешни работи и со него да раководи директор, а да функционира преку два сектори со по две одделенија.

Во втората фаза ќе се финализира организациската поставеност и работата на институтот и со законски норми. Оваа институција целосно треба да се издвои од хиерархиската поставеност во рамките на Министерството за надворешни работи и да прерасне во целосно самостојна, независна и непрофитна тинк-тенк институција, што ќе резултира со поголем углед на домашен и меѓународен план“, рече портпаролот на Владата.

Во однос на кадровската пополнетост, предвидено е ангажирање на вработени од постојниот кадар на министерството, а предвидена е и соработка со надворешни соработници, од академската и експертска јавност од Република Македонија и светот.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе