Мост на уметноста со 29 статуи

 

На „Мостот на уметноста“ на реката Вардат во центарот на Скопје ќе бидат поставени 29 скулптури, по 14 од двете страни и една централна. Досега се поставени шест.

„Мостот на уметноста“ се наоѓа до мостот „Око“ и ќе ги поврзува ГТЦ и кружната зграда на Јавното обвинителство.

Автори на мостот се Коста Мангаровски и Викторија Мангаровска. Централната статуа ќе биде на на браќата Миладиновци, висока три метри. Двометарските статуи од двете страни на мостот мостот ќе бидат посветени на Тоше Проески, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Димитар Кондовски, Петар Мазев, Григор Прличев, Стале Попов, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ванчо Николески, Живко Чинго, Војдан Чернодрински, Димитар Пандилов, Никола Вапцаров, Неџати Зекирија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани, Ристо Шишков, Петре Прличко, Властимир Николовски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски и Стефан Гајдов.

Дел од скулптурите со кои ќе бидат претставени македонските писатели, композитори и уметници се леат во леарницата РЗ Институт АД Скопје.

Мостот е долг 83 метри и широк 9,20 метри, а средишниот дел ќе достигне до 12 метри широчина.

Изградбата на мостот чини речиси 2,5 милиони евра.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе