Ѓурта испратил копија од својот златен медал на родителите на починатиот пливач Дале Оен

Пред помалку од една година норвешката пливачка ѕвезда Александер Дале Оен го освои златниот медал на Светското првенство во пливање во Шангај, на неговата омилена патека 100 метри градно. Беше фаворит и за највисокото место на подиумот на Игрите во Лондон, и на патеката на 100, и на таа на 200 метри.

Александер Дале Оен

Сепак, Олимпијадата во Лондон не успеа да ја дочека. Почина од ретка срцева болест на 30 април годинава додека бил на подготовки со норвешкиот пливачки тим во Аризона. Но, Дале Оен не беше заборавен од своите ривали. И пријатели.

Даниел Ѓурта, кој во Акватик центарот во Лондон стана олимписки шампион на 200 метри граден стил, решил копија од својот златен медал да им испрати на родителите на Дале Оен, и на тој начин да го одбележи сеќавањето на својот пријател.

Даниел Ѓурта

„Станавме многу добри пријатели баш оваа година. Сигурен сум дека баш тој ќе го освоеше златото на 100 метри во Лондон. Ова е најмалку што можам да сторам за мојот пријател“, изјавил Ѓурта.

Медал за пријателот

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе