Бугарски европратеник: Њама македонско малцинство во Бугарија. Њама. Њама!

[caption id="attachment_49637" align="aligncenter" width="580" caption="Андреј Ковачев"][/caption]

Има ли македонско малцинство во Бугарија?

„Не, не, не, не, се разбира дека нема, колку пати сакате тоа да ви го кажам. Во Бугарија нема такво малцинство. Во Бугарија нема малцинства“, одговара Андреј Ковачев, бугарски европратеник на прашањето на телевизијата Канал5.

На прашањето дали и Бугарија заедно со Грција ќе се труди да ја минира евроатланската интеграција на Македонија, европратеникот Ковачев јавно вети лош извештај за земјава. Бугарскиот европратеник е лут од, како што вели, диксриминаторската политика што Македонија ја води кон оние кои се декларираат како Бугари. За него последен од низата вакви провокации од македонска страна е случајот со претседателот на бугарскиот културен клуб во Скопје Лазар Младенов.

„Јас не сакам Македонија да има негативен извештај од Европскиот парламент, но кога има дискриминација кон Македонците кои се искажуваат како етнички Бугари тоа не можеме да го замолчиме. Јас неколку пати кажав за да ги надминеме  раните од минатото, дека е потребна европската интеграција. Но, европскиот сојуз се темели на правила, а едно од тие е недискирминација кон луѓето кои го искажуваат својот идентитет“, вели Андреј Ковачев, европратеник.

Имаме сведоштва на луѓе кои јавно велат дека се Македонци и дека не им е дозволено да се искажат како Македонци во нивната држава Бугарија?

„Во Бугарија има секакви луѓе кои зборуваат што сакаат. Бугарија ги исполнува сите обврски  што се неопходни за членството во Европската Унија“, вели Ковачев во изјавата за Канал 5.

Тој вели дека неговата земја сака да ја види Македонија во ЕУ, но претходно мора да ги расчистат исторските разлики што ги имаат овие две земји. Бугарскиот европратеник нема забелешки долколу Македонија влезе во ЕУ под уставното име.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе