Лустрација: објавени уште 12 соработници на тајните служби

Комисијата за верификација на фактите утврдила  уште 12 соработници на тајните служби кои денеска се објавени на нејзината веб страница.

Тоа се Трендафил Ивановски (поранешен претседател на Уставен суд), Миленко Габер (поранешен директор на Заводот за вработување Берово), Ѓорги Прцуловски (поранешен претседател на општина Ресен), Михаил Андреев (поранешен директор), Киро Јанчев (поранешен директор), Бранко Темов (член на Управен одбор), Петар Целакоски (поранешен директор на битолскиот Дом на култура), Киро Дојчиновски (поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија), Стојан Чамински (поранешен секретар во СВР-СК), Хисен Шаќири (новинар), Мустафа Спахију (новинар) и Реџеп Златку, кој е лустриран по службена должност.

Решенија и документи за соработка со тајните служби претходно беа објавени за 11 лица.

 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе