O’Нил: Македонија да побара ОН да ја признаат под уставното име

[caption id="attachment_49122" align="alignright" width="320" caption="Робин О'Нил"][/caption]

Сега е вистинското време кога Република Македонија може со право да побара од Генералното собрание на ОН, и од оние 130 земји кои веќе ја имаат признаено под уставното име, да се согласат да биде призната и во светската организација под тоа име. Тука треба да има и една препорака, која ќе биде целосно прифатена од Македонија, дека овие две земји треба да ги удвојат своите напори за да го решат нивниот билатерален спор, а со помош на Генералниот секретар и на медијаторот Метју Нимиц.

Ова го изјави Робин О’Нил, британски дипломат и прв медијатор во овој спор за програмата „Порта“ на МТВ. Во неа тој го посочува значењето на неодамнешната посета на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Македонија во контекст на спорот за името.

„Од овој аспект сметам дека неодамнешната посета на Македонија од страна на генералниот секретар носи и значење и поддршка. Бан Ки Мун коментираше дека тековниот спор е “жалосен“, и дека треба „неодложно“ да се реши, како и дека тој самиот е посветен да помогне во тоа“,  рече О’Нил.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе