Даниел Ѓурта го собори четвртиот пливачки светски рекорд во Лондон

Унгарскиот пливач Даниел Ѓурта на светското и европското злато им го придодаде и олимпиското злато, а го надополни со светски рекорд во првиот дел од петиот ден на пливачките натпревари во Акватик Центарот.

Ѓурта вечерва на трката 200 метри градно го собори три години стариот рекорд на Австралиецот Кристијан Спренгер, откако ја исплива делницата за 2:07,28 минути. Ова е четврти светски рекорд во Лондон, откако нови најдобри времиња запишаа Кинеската Шивен Је, Јужноафриканецот Камерон Ван дер Бург и Американката Дана Волмер.

Ѓурта во финалето победи пред домашниот пливач Мајкл Џејмисон, кој имаше најдобро време во квалификациите, спречувајќи го на тој начин првото олимписко злато за домашната селекција по повеќе од половина век. Бронза освои Јапонецот Рио Татеиши, а без медал остана еден од најголемите фаворити Косуке Китаџима, со што пропадна шансата еден пливач да запише историја со три злата во иста дисциплина на три Олимписки игри. Вчера таква шанса пропушти и најтрофејниот олимпиец Мајкл Фелпс.

Холанѓанката Раноми Кромовиџоџо го постави 14-от олимписки рекорд на пливачките натпревари откако исплива 53,05 секунди во полуфиналните трки на 100 метри слободно.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе