Отворен Институт за современи композити и роботика на „Микросам"

Визијата и иновативноста ја прават разликата меѓу лидерите и следбениците, а во изминатите години „Микросам", предводен од Благоја Самакоски, покажа дека е визионер и вистински лидер во високата технологија, ставајќи ги Прилеп и Република Македонија на глобалната карта на композити и роботика.

„Живееме во време кога светот околу нас брзо се менува. Време на современи технологии кои отвораат нови перспективи. Време кога човекот, преку интердисциплинарниот научен пристап, преку информатиката, инженерството, математиката, биологијата, преку роботиката, создава нова иднина со нови можности, секогаш стремејќи се кон техничко и технолошко совршенство", рече Ѓорѓе Иванов , претседателот на Македонија на отворањето на новиот објект.

Магистерски, а наскоро и докторски студии за роботика и композити ќе се одржуваат во Институтот на прилепската компанија `„Микросам“  за додипломците од природноматематичка и инженериска струка.

Од Институтот велат дека нивна мисија е да се изгради соодветна истражувача инфраструктура која низ интердисциплинарен пристап ќе ја развива фундаменталната и применета наука во областа на современите композити и роботиката.

„Нашиот институт ги содржи сите линии потребни за технолошки проби, за развој на современи композитни материјали. Во иднина планираме да ја набавиме т.н. верификациска опрема и со тоа, ќе постанеме врвен научно-истражувачки центар во Европа, во поглед на опременост “, рече директорот на институтот Драган Велјановски.

Институтот се протега на 1.500 квадратни метри, каде што покрај истражувачките училници и компјутерски лабаратории, се наоѓа и современа лабораторија со софиситицирана опрема. Домашните постдипломци за знаењето од овој институт ќе плаќаат по 2.000 евра од семестар, а странците по 3. 500 евра.

Засега, поголем интерес пројавуваат странските постдипломци.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе