ХЕЦ Света Петка почна да работи

Премиерот Никола Груевски и генералниот директор на АД „Електрани“ на Македонија Влатко Чингоски денеска официјално го означија почетокот на работењето на новиот хидроенергетски капацитет ХЕЦ „Света Петка“.

Целокупната инвестиција за овој проект изнесува околу 75 милиони евра, со што е една од највредните инвестиции во делот на искористување на енергетскиот потенцијал на земјата.

Во овој проект покрај вработените во ЕЛЕМ беа ангажирани и словенечката компанија „Рико“ и подизведувачите „Бетон“ и „Гранит“.

„Браната е изградена, езерото почнува да се полни и системот е подготвен да се стави во функција на енергетските потреби на нашата држава. Алката што недостасуваше за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска денеска веќе е поставена. Инсталираната моќност на хидроцентралата е 36,4 мегавати и годишно производство од околу 66 гигавати електрична енергија. Со изградбата на хидроелектричната централа Света Петка целосно се поврзува повеќенаменскиот хидросистем Скопско поле, во кој освен оваа централа влегуваат и ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Матка“, рече Груевски.

Тој истакна дека изградбата на оваа хидроцентрала постави и нови стандарди во полето на изградба на хидроенергетски капацитети, како за Македонија така и за поширокиот регион.

Хидроцентралата Света Петка како дел од повеќенаменскиот хидросистем Скопско Поле, потсистем Козјак-Матка има основна задача да го искористи хидроенергетскиот потенцијал на истечните води од хидроцентралата Козјак и локалните води од сливот на реката Треска. Оваа акумулација треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од хидроцентралата Козјак. Хидроцентралата Света Петка фактички функционира како протечна хидроцентралата меѓу хидроцентралите Козјак и Матка.

„Електричната централа е целосно автоматизирана и со користење на вградената модерна телекомуникациска и процесна опрема нејзината работа може да се набљудува и да се контролира далечински од кое било место, како од производствениот диспечерски центар на АД ЕЛЕМ во Скопје , така и од АД МЕПСО. Оваа брана со висина од 64 метри и со волумен од речиси 30 илјади метри кубни бетон“, рече Чингоски и додаде дека тоа налагало во нејзината изработка да бидат искористени специјални материјали.

Годинашното празнување на 2 Август - Илинден е под девизата „Борбата за Македонија - никогаш не запира“.

„И навистина предизвиците со кои се соочува нашата земја исто како во минатото, така и денес, се многубројни, комплексни, тешки и сложени. Водиме битка за повеќе вработувања, повеќе инвестиции, повеќе спортски игралишта, повеќе матуранти кои ќе се запишат на факултет, битка за подобро образование, подобро здравство, подобро земјоделство... Во сите тие приоритети еднаква по ранг е битката за енергетска независност и што поголем број проекти за ревитализација проширување и зајакнување на македонскиот енергетски систем. ХЕЦ Света Петка е дел од таквата стратегија“, рече премиерот Груевски.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе