Тинејџерката Рута Меилутите ја позлати Литванија

Тинејџсензацијата Рута Меилутите, 15-годишната пливачка од Литванија и донесе злато на својата земја откако денеска победи на трката на 100 метри пеперутка во Акватик центарот во Лондон.

Тоа што го најави уште вчера низ квалификациите дека може да биде вистинска сензација во оваа дисциплина, Меилутите го оствари и во финалната трка победувајќи ја фаворизираната Ребека Сони, актуелната светска шампионка.

Само за осум стотинки Меилутите беше побрза од Сони со што ја позлати Литванија. Меилутите исплива 1:05,47 минути, Сони имаше 1:05,55, додека бронзата ја освои Сатоми Сузуки од Јапонија со 1:06,46 минути.

Австралијката Лејзел Џонс, која како и Меилутите на 15 години се закити со злато во Сиднеј пред 12 години, овојпат остана без одличје, завршуваќи на петото место. Ова беа четврти Игри за Џонс.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе