Јаник Ањел како торпедо доплива до второто злато

Откако вчера импресивно како торпедо го мина фаворизираниот Американец Рајан Лохте за да и донесе на Франција злато од штафетата 4х100 метри, новата млада 20-годишна пливачка ѕвезда Јаник Ањел денеска убедливо доплива и до вториот златен медал. Тој за секунда ипол беше побрз од големата конкуренција на 200 метри слободно.

Во убедливо најатрактивната трка на која конкуренти му беа Лохте, кинескиот олимписки првак Јанг Сун, Кореецоѕ Таехван Парк, светскиот рекорд Пол Бидерман, Ањел неприкосновено од почеток до крајот ги ја остави конкуренцијата за да стигне до вториот златен медал и со тоа да стане прво име во пливањето на третиот натпреварувачки ден во Лондон.

Ањел вечерва пливаше на 200 метри со време 1:43,14 минути, зад него втор беше Сун со време 1:44,93, исто како и Кореецот Парк, кои го поделија среброто. Фаворизираниот Рајан Лохте извиси за медал.

Американците Миси Френклин и Мет Греверс ги освоија златните одличја во 100 метри грбно. Френклин само моменти откако се избори за финале на 200 метри слободно, направи изненадување на 100 метри грбно победувајќи ја фаворизираната Австралијка, Емили Сибом. Сибом водеше на трката, имаше и време за светски рекорд, но подзастана а Френклин со неверојатен финиш се избори за златото. Трета заврши Аја Теракава од Јапонија.

Во машка конкуренција на истата патека, триумфираше првиот фаворит Греверс, кој и во квалификациите имаше најдобар резултат. Овојпат до златото стигна со олимписки рекорд со време 52,16 секунди. Втор беше неговиот сонародник Ник Томан, а трет беше Јапонецот Риосуке Ирие. Гревер за 22 стотинки беше покус во трката за светскиот рекорд на Арон Пирсол.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе