Комисија за лустрација: нови 11 соработници со тајните служби

Комисијата за лустрација со мнозинство гласови потврди дека 11 актуелни и поранешни функционери соработувале со тајните служби. Овие единаесетмина се по вторпат пред Комисијата, откако Управниот суд ги поништи по одлуките на Уставниот суд.

Меѓу досиејата на функционерите кои повторно се лустрирани, сега според новиот закон, се и: досие „Драматург“ на поранешниот декан на Факултетот за драмски уметности и сегашен директор на невладина организација, како и досието „Корбизие“ на актуелен советник во Град Скопје. Во лустрираните има и актер, поранешен врховен судија, некогашни функционери во администрацијата.

 

Комисијата во рок од три дена ќе ги објави имињата на својот веб сајт, а потоа ќе ги извести органите каде лустрираните се на функција и тие би требало да бидат отпуштени. Лстрираните кои не се на функција немаат право да се кандидираат за државни или локални функции или да конкурираат за вработување во нив.

Томе Аџиев, претседателот на комисијата вели дека постапката е законска, додека неговите противници сметаат дека се крши Уставот и го повикаа државниот обвинител да поднесе обвинение против него.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе