Александар и Марија се најчести имиња во Македонија

На секои сто машки Македонци барем двајца се викаат Александар. Официјалната статистика поребројала дека ова е најчестото машко име зашто вкупно 23.510 Македонци го носат ова име. Кај женските имиња најчесто е Марија зашто од 1.027.868 жени дури 21.364 се викаат Марија.

Пропорцијата покажува дека на секои 50 жени во земјава една се вика Марија.

На листата на најпопуларни машки имиња во првите десет се уште: Зоран, Никола, Горан, Драган, Дејан, Петар, Игор, Илија и Стефан.

Кај женските имиња најпосакувани, секако по Марија, се: Елена, Билјана, Весна, Снежана, Виолета, Александра, Сузана, Катерина и Ивана.

Официјалната статистика покажува дека повеќе од 10.000 Македонци ги носат имињата: Зоран, Никола и Горан.

По Александар, најчесто име е Зоран и го носат 16.449 граѓани, Никола го носат 15.740 лица, а Горан 12.392 лица. На листата на најпопуларни машки имиња најретко е Стефан и го носат 8.145 лица.

Статистиката покажува дека на секои три женски бебиња кои го добиваат името Марија, по едно по добива името Ивана и Катерина кои се најмалку застапени меѓу првите 10 женски имиња. Анализата покажува идентичен сооднос и кај машките имиња. На секои три машки бебиња кои го добиваат името Александар, кумовите крстат по еден Илија или Стефан.

 

А.Д.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе