Индиска супа мулигатони

Приготвување:

Зачинете ги исечканите пилешки гради со сол и црн пипер. Стопете 2 лажици путер на средно-висока температура. Додајте го пилешкото и гответе, повремено мешајќи, додека да добие златно-кафеава боја. Пренесете го пилешкото на чинија и оставете го настрана.

Во истата тава ставете 2 лажици путер и намалете ја температурата на средна. Ставете ги ситно сечканите кромид и лук и измешајте. Кромидот треба да почне да потемнува.

Истурете брашно врз кромидот. Промешајте за да се спојат, а потоа додајте го карито во прав. Гответе една минута на средна температура, постојано мешајќи.

Додајте ја пилешката супа од коцка. Промешајте да се спојат, а потоа гответе уште пет минути. Додајте ја хоплата, сол, црн и црвен пипер (по желба) и шеќер, а потоа гответе уште пет минути.

Додајте ги пилешкото и ситно сечканото јаболко и гответе уште 5-10 минути. Исклучете ја ринглата и оставете ја супата да отстои 5-10 минути пред сервирањето.

Состојки:

1 пилешки гради, без кожа и коска, исечкани на мали парчиња

4 лажици путер

1 среден кромид

3 чешниња лук, здробени

4 лажици брашно

1 лажица кари во прав

1 л пилешка супа од коцка

400 мл неутрална хопла

1 јаболко, излупено и исечкано

1 лажица шеќер (повеќе или помалку по вкус)

2 лажички сол (повеќе по вкус)

свежо мелен црн пипер

црвен пипер (по желба)

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе