Млада девојка го предизвикала пожарот кај Струмица

Откриен е предизвикувачот на пожарот кај Струмица кој по целодневно беснеење однесе два животи и повреди уште дванаесет лица од кои едно се уште се бори да преживее.

Според полицијата, станува збор за дваесет и четиригодишната струмичанка со иницијали М.Е. која завчера се решила во близина на куќата каде живеела да запали стари алишта. Истата тоа го сторила во непосредна близина на една грмушка, а на педесетина метри оддалеченост од шумата. Запалениот огин ја потпалил грмушката, а потоа ветрот си го сторил своето и пожарот за кратко време ја зафатил шумската површина над градот.

Во пожарот кој гореше цел ден загинаа Блажо и Пено Стојанови, браќа од селото Рич кои како вработени во Македонски шуми се обидоа да ја спречат огнената стихија да го зафати градот.

Полицијата на струмичанката и поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе