СМК: Македонија во ООН под државното име

Светскиот македонски конгрес поднесе иницијатива до Собранието на Република Македонија за донесување на декларација за воспоставување на државното име Македонија воОбединетите нации со предлог резолуција до Генералното Собрание на ОН.

Во декларацијата се бара Собранието на Македонија да утврди дека Република Македонија како самостојна и суверена држава, го воспоставува државното име Македонија во ОН. „Државата со привремено обраќање за сите цели во рамките на Обединетите нации како "поранешна Југословенска Република Македонија" во согласност со Резолуцијата 47/225 на Генералното собрание на ОН, го продолжува своето членство во ОН со нејзиното уставно име Република Македонија.“

Македонија од 194 држави членки на Обединетите Нации, под државното име е призната од 133, а Резолуцијата во Генералното Собрание се донесува со мнозинство гласови од присутните во моментот на гласањето.

Со Резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 година, Генералното собрание ја прими Република Македонија во членство на Обединетите Нации, со привремено обраќање за сите цели во рамките на Обединетите нации како "поранешна Југословенска Република Македонија" заради разликата за државното име со Република Грција, а врз основа на согласност од тогашниот претседател на Република Македонија.

За жал, разговорите во врска со Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното Собрание на Обединетите Нации и после 20 години не дадоа никаков суштински резултат, а правните последици по државата и граѓаните се бројни и големи.

„Основа за донесување на оваа Резолуција во Генералното Собрание на Обединетите Нации е Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 28 мај 1948 година, посебно толкувањето на дополнителните услови за прием на кандидат во Обединетите Нации, и Резолуцијата на Генералното Собрание на Обединетите Нации 197/III/1948 од 8 декември 1948 година со којашто се прифаќа советодавното мислење од Меѓународниот суд на правдата од 28 мај 1948 година, кои укажуваат дека незаконити се дополнителни услови за прием на нови држави во членство на Обединетите Нации, надвор од условите содржани во членот 4 на Повелбата на Обединетите Нации“.

Ако оваа иницијатива не биде прифатена СМК најавува постапка на собирање потписи од најмалку 10.000 граѓани, кои како овластени предлагачи ќе ја предложат Декларацијата во Собранието на Македонија.

СМК упати и отворено писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и до медијаторот Метју Нимиц во кое се вели дека Македонците „со индигнација го отфрлаат расистичкото времено обраќање за државата Македонија во системот на Обединетите Нации - “поранешна Југословенска Република Македонија“ од 1993 година, што претставува флагрантно кршење на меѓународното право, Повелбата на Обединетите Нации и Универзалната декларација за човекови права, како и на правото на самоопределување и самоидентификација како универзално, неотуѓиво и неприкосновено право.

„Бараме итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Република Грција и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со уставната додавка “Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК, односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција и југо-западна бугарска провинција Македонија, што ќе се потврди со Резолуција на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Бараме Генералното Собрание на Обединетите Нации да организира расправа (која ја започна во 1948 година за т.н. „деца бегалци“, а не ја заврши) и да донесе Резолуција за државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Северна Грција (Егејскиот дел на Македонија) од Балканските војни 1912-1913 година и од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година врз кои е извршен геноцид кој трае до денес. Станува збор за илјадници Македонци од повеќе генерации, поради етничко чистење насилно прогонети во целиот свет, без право на враќање на државјанствата и остварување на граѓанските, имотните и наследните права“, соопшти СМК.

Денеска СМК организира мирен протест пред Собранието на Македонија, каде што генералниот секретар Бан Ки Мун ќе се обрати пред пратениците во 11 часот. Мирниот протест е под мотото „Стоп на разговорите за името Македонија“ и „Стоп на грчкиот геноцид врз Македонците“.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе