Роден на денешен ден: Алфонс Муха

Неговото име е синоним за Арт Нуво (Art Nouveau). Неговата уметност е уметност на заведување. Грациозни долгокоси жени во фустани кои лесно паѓаат нагласувајќи ја линијата на телото, необично декорираните и обоени постери станаа заштитен знак на една епоха.

 

Алфонс Марија Муха е роден на 24. јули 1860 година во местото Иванчице во Моравија, сегашна Чешка. Цртањето и пеењето му биле хоби од детството. Со 11 години станал член на црковниот хор во катедралата Свети Петар во Брно, а тоа му овозможило да посетува гимназија во тој град. Кога гласот му се изменил бил замолен да го напушти хорот и така се вратил во својот роден град. Се вработил во општинската управа но продолжил со часовите по цртање. Не успева да се запише на Акедемијата за уметност во Прага па затоа прифаќа работи поврзани со театарскиот декор, а во 1879., поминува во Виена каде работи како асистент во фирма која се бавела со театарска сценографија. И понатаму зема часови по сликање и цртање. Кога пожарот во Бург театарот во Виена го уништил и работодавачот на Муха, тој на кратко се вратил во Чешка каде работел како слободен уметник, декоратор и портретист. Се запознава со грофот Куен-Беласи, кој го ангажира да го декорира со мурали замокот Емахоф. Грофот станува прв заштитник на Муха и му овозможил да се школува на минхенската Академија на уметности.

Муха заминува во Париз во 1887. и веќе следната година студира на  Академијата Жилиен и Академијата Колароси. Во исто време работи и илустрации за реклами. Првиот рекламен постер го прави во 1892., но првата слава ја доживува две години подоцна кога го работи првиот во низата постери за Сара Бернар, тогаш најпозната париска актерка и нејзиниот „Театар на ренесансата“. Волонтерски ја направил првата литографија и на 1-ви јануари 1895 година постерот за претставата "Жизмонда". Постерот се појавил низ целиот град и предизвикал големо внимание. Овој постер и денес претставува модерен концепт, а во времето на Муха тоа бил неверојатен чекор кон неповторливиот творечки стил. Сара Бернар, задоволна од сензацијата предизвикана од постерот, потпишува со Муха ексклузивен договор за наредните шест години. Постерите на Сара Бернар ја прошириле нејзината слава надвор од границите на Франција.

До 1901 година Муха освен постери работел и сценографија и костими за нејзиниот „Театар на ренесансата“. Овој успех кој му донел и престиж во општеството, ја одредил и природата на неговата идна работа. Стилот на Муха после светската изложба во Париз во 1900., станал познат ширум светот, а Муха добил сребрен медал за декорот на павиљонот на Босна и Херцеговина. Муха доживеал голем успех и во Америка каде неговите слики и минијатури почнале масовно да се печатат што било против неговите убедувања. Сметал дека масовната продукција не носи добро на самата уметност па дури ни кај постерите кои се наоѓале и таму каде што им е местото и онаму каде што не им е местото.

Меѓу 1902. и 1904., Муха патува и доаѓа во Прага заедно со Роден, две години подоцна оди во Америка каде се обидува да добие што повеќе нарачки на портрети за тоа да му овозможи подоцна безгрижно да работи на големиот патриотски циклус. Држи предавања во Њујорк, а подоцна и во Филаделфија и Чикаго.

По враќањето во Прага во 1906., се жени со Марија (Марушка) Читилова, која ја запознал во Париз. Од 1906. до 1910. Муха и Марушка поминуваат најмногу време во САД каде го добиваат и своето прво дете Јерослава. Подоцна во Прага се раѓа синот Јержи, кој подоцна ќе стане познат новинар, сценарист и толкувач на делата на татко му.

После концертот на Бостонската филхармонија на кој е изведена и

„Муза“

„Влтава" на Беджих Сметана, Алфонс Муха одлучил потполно да се посвети на словенската историја и култура. По враќањето во Чешка во 1910 година, почнува да работи на реализација на она што подоцна ќе биде познато како „Словенска епопеја". На 20 монументални платна Муха ја насликал словенската митологија, историја, народните верувања и култура. Сакал на секоја словенска заедница да посвети по една тема и слика во чест на заедничкото потекло, и како што се надевал – на заедничката словенска иднина. После изложбата на првите 11 слики во Прага во 1911., Муха некои од овие дела со голем успех ги прикажал и во Чикаго и Њујорк во 1921 година.Сите 20 слики од циклусот „Словенска епопеја" Муха во 1928 година ги подарил на градот Прага и на чешкиот народ. Истата година се преселил во својата куќа во Прага. Продолжил со работа, ги декорирал прозорците на катедралата во Прага, а дизајнирал и чешки банкноти. Своите мемоари ги објавил во 1936.

Будењето на фашизмот во Европа во 30-те години влијае на работата на Муха, како и на неговиот словенски национализам и и панславизам. Кога германските трупи во 1939 година влегле во Чехословачка, Муха бил меѓу првите уапсен од Гестапо. Во текот на истрагата се разболел од воспаление на белите дробови. Иако е пуштен овој настан многу го ослабел и Алфонс Муха умрел во својата куќа во Прага на 14 јули 1939 година. Погребан е на гробиштата во Прага.

Денес во Прага постои Музеј на Алфонс Муха кој пред десетина години го отвори Фондацијата Алфонс Муха, која ја води неговиот внук Јержи. Музејот за кратко време стана еден од најпосетуваните музеи во Прага, а неодамна го прослави и својот милионити посетител.

 

С.Спасиќ

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе