Седум дечиња се повредени во пожарот кај Струмица

Четиринаесет лица од кои седум деца се повредени во пожарот кој цел ден беснееше во струмичко. Петмина се со потешки повреди и во моментов тие се пренесуваат во Ургентниот центар во Скопје. За среќа, децата минале со полесни повреди, а во животна опасност се нашле само заради детската игра и љубопитност откако избил пожарот. Тие играле кошарка на спортското игралиште во месноста над која изби пожарот, а живи се само благодарение на среќата. Зоран Заев, градоначалникот на Струмица моментално е во струмичката болница Еве што изјави тој предмалку за МКД.МК.

„Му благодариме на Господ за дождот што падна, инаку тешко одеше справувањето со огнената стихија. Во гаснењето на пожарот беа вклучени сите државни и општински институции. Четрнаесет луѓе се повредени од кои седум дечиња. Петмина во моментов се транспортираат кон Скопје поради сериозноста на повредите. Тројца се многу тешко повредени, а од нив еден цивил и двајца вработени во шумското претпријатие. Да се надеваме дека се ќе мине најдобро што може. Се уште не се познати причините за пожарот“, изјави Заев.

Пожарот избувна денеска околу пладне и ја зафати боровата шума и смреката над градот. Само благодарение на обилните дождови што паднаа попладнево пожарот е неутрализиран.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе