„Му реков да не го прави тоа, сум слушнала дека луѓе умираат по комплицирани стоматолошки операции. Не требаше да извади пет заби одеднаш“, вели првата сопруга на Сталоне.
Деталите околу смртта на Сејџ дополнително ќе ги истражува и Скот Рос, ангажиран од самиот Сталоне. Рос ја водеше истрагата и по смртта на Мајкл Џексон, како и случајот на нападот на Крис Браун врз пејачката Ријана.
Погребот на Сејџ Сталоне ќе се одржи в сабота во Брентвуд во Калифорнија.