Сејџ Сталоне умрел од операција на забите?

Причината за смртта на Сејџ Сталоне сè уште не е разјаснета. Но мајката на Сејџ, Саша, вели дека пред две недели нејзиниот син извадил пет заби, па најверојатно поради претераните болки се предозирал со апчиња.

 

„Му реков да не го прави тоа, сум слушнала дека луѓе умираат по комплицирани стоматолошки операции. Не требаше да извади пет заби одеднаш“, вели првата сопруга на Сталоне.

Деталите околу смртта на Сејџ дополнително ќе ги истражува и Скот Рос, ангажиран од самиот Сталоне. Рос ја водеше истрагата и по смртта на Мајкл Џексон, како и случајот на нападот на Крис Браун врз пејачката Ријана.

Погребот на Сејџ Сталоне ќе се одржи в сабота во Брентвуд во Калифорнија.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе