Полицајци и родители формираа мешани патроли за заштита на малолетниците

Министерството за внатрешни работи викендов ќе го почне проектот „Мешани патроли“, со кој е предвидено полицајци и родители заедно да вршат обиколки на местата за ноќна забава на малолетниците, а за родителите да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца.

Проектот ќе се спроведе во Скопје, Штип, Куманово, Струмица, Битола, Велес, Охрид и Тетово. Мешаните патроли на полицајци и родители ќе посетуваат кафулиња, летни дискотеки, отворени простори како што се градските паркови, училишни дворови и слично. Родителите ќе бидат запознавани од полицајците за тоа како дрогата, алкохолот и цигарите најчесто стануваат дел од социјалното поведение на малолетниците и како да се препознаат и да се отстранат ризиците од појава на девијантност.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе