Евакуации поради пожар во близина на Атина

Грчките власти вчера евакуирале детски летен камп, старечки дом и манастир во близина на Атина, поради пожарот што ја збришал блиската шума, оштетувајќи најмалку пет куќи.

Овој пожар е само еден од десетината што избиле во Грција во текот на последните два дена.

Грчката пожарникарска бригада соопштила дека двајца луѓе се полесно повредени во огнената стихија кај градот Каратеа, кој се наоѓа на 40-тина километри југоисточно од Атина.

Едниот човек бил полесно изгорен, а другиот, моторџија, удрил во запален столб со електрични водови.

Според властите, 300 деца биле евакуирани заради претпазливост од кампот кај Каратеа, како и одреден број луѓе од старечкиот дом и манастирот.

Над 170 пожарникари со поддршка од седум канадери и два хеликоптери успеале делумно да го скротат пожарот.

Не е јасно што точно го предизвикало пожарот, иако тие се вообичаени во Грција во топлото, суво време во летните месеци. Големиот пожар на Пелопонез во 2007 година зеде над 60 животи.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе