Поранешен притвореник од Гвантанамо е бомбашот од Бургас?

Мехди Гезали (33), шведски државјанин со алжирско потекло најверојатно е бомбашот – самоубиец од вчерашниот терористички напад на израелските туристи во Бургас, јавуваат денеска бугарските и израелските медиуми. Тие јавија дека шведскиот државјанин е поранешен притвореник од Гвантанамо.

Гезали, според овие информации, бил притворен во злогласниот затвор во американската воена база на Куба откако бил уапсен во Пакистан каде што се обидувал да стапи во врска со бунтовничките групи.

Засега овие информации немаат официјална потврда.

Претходно американската телевизиска мрежа ABC емитуваше фотографија од фалсификувана возачка дозвола од сојузната држава Мичиген што му припаѓала на осомничениот за нападот, која гласи на име Жак Фелипе Мартин. Бугарските власти сé уште се обидуваат да откријат дали американскиот пасош на осомничениот исто така е фалсификуван.

Бугарските медиуми јавија дека осомниченото лице престојувало во Бугарија меѓу четири и седум дена. Неговото тело било најмногу повредено од експлозијата, што значи дека бил најблиску до експлозивната направа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нејтанјаху  ја повтори изјавата дека нападот во Бургас е извршен од шиитското либанско движење Хезболах, нарекувајќи го „долгата рака на Иран".

Хезболах на тоа одговори дека „се смешни таквите обвинувања, бидејќи не војува против туристи". И Иран ги отфрли израелските обвинувања и ги нарече „неосновани".

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе