„Ак-инвест“ ќе ја гради новата зграда на општината Карпош

Градежното претпријатие „АК-Инвест“ од Тетово е фирмата која треба да ја гради новата општинска зграда во Карпош. Како што соопшти општината, на 16 јули е извршена аукција на понудите за најповолен изведувач на новиот „општински дом“ што треба да се гради на местото на старите службени бараки на булевар Партизански одреди во Карпош 3.

На тендерот што го објави општината беа доставени три понуди од „АК-Инвест“, „Гранит АД Скопје„ и „Бетон АД –Скопје“.

За најповолна беше оценета понудата на тетовската фирма, која за своите работи понуди сума од 72.963.702 денари со вклучен ДДВ, а зад неа останаа „Гранит АД Скопје“ со понудени 93.864.291 денар и „Бетон АД Скопје“ со понудена сума за градба од 95.906.919 денар.

Според плановите на општината Карпош по завршувањето на сите подготовки, новата општинска зграда би требало да почне да се гради од средината на август годинава.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе